Почетна Organizacija Glasanje Publikacije Dogaðanja Kontakt
За организацијата Superbrands

Меѓународната организација Superbrands е единствен глобален и независен авторитет во сверата на брендингот. Присатна е во 84 држави ширум светот, а во 2006 година започна со работа и во Хрватска. Како организација која се темели на идентификација и именување на исклучителни пазарни марки, Superbrands ги анализира остварувањата на одредени пазарни марки и ги препознава оние кои остваруваат повеќе од својата конкуренција и ги наградува со високо признаетиот статус на Superbrands.

Историја

Првите активности започнаа во Обединетото Кралство во 1994 година со емисијата на радио станицата GLR ( сега BBC Радио Лондон) чија основна цел била да им овозможи на потрошувачите осврт на значителните пазарни марки што се присатни во нивниот секојдневен живот. После големиот успех на таа емисја, во 1995 година е осниван Superbrands како тело за промовирање на брендингот како и идентификација и доделување на признатиот статус на врвните трговски марки.

Успеси

Во петнаест години од своето постоење Superbrands стана препознатлив како мерка за успех на поедина пазарна марка, а самата организација е призната како глобален авторитет во брендингот.Во тој период спровела повеке од 5000 студии за најзначителните пазарни марки. Примерите со останатите пазари покажуваат дека користењето на стекнатиот статус допринесува за зајакнување на самата трговска марка. Организацијата моментално соработува со повеке од 2400 пазарни марки во различни области низ целиот свет, а до ден денес организирала преку 100 глобални брендинг настани, таканаречени Оскари за брендинг, на кои учествувале повеке од 30.000 претставници.

Реномирани светски брендови како што се: Coca-Cola, DHL, Gillette, IBM, McDonald’s, Microsoft, Wrigley,  и многу други активно го користеа стекнатиот статус и знакот во своите промотивни активности ширум светот.

Систем на идентификација и селекција

Superbrands е награден и промотивен програм кој се темели на објавување на годишно брендинг книжно издание. Критериумот на изборот незначително се разликува од држава до држава, но задача на сите Superbrands програми е препознавање на оние пазарни марки кои остваруваат повеќе од останатите на пазарот. Централниот дел на сите програми го прави независен и на доброволна база совет кој се состои од деловни и маркетиншки експерти како и од претставници на медиумите. На почеток на секоја програма, локалните агенции за истражување составуваат попис на пазарни марки, што се присатни на пазарот, користејки при тоа локални извори и статистички податоци за маркетиншките активности или информираност на потрошувачите, и на тој начин прават база на пазарни марки кои потоа се испракаат на независниот стручен совет, кој има за задача да ги оценат наведените марки. На членовите на советот не им е дозволено да гласаат за пазарните марки кои директно се поврзани со нивната дејност или кои се нивни директни конкуренти. Во 2008 година во Хрватска е воведен систем на јавно гласање при што се собрани околу 10.000 гласови на потрошувачите.

Superbrands публикација

Книжната публикација претставува средство за работа на компанијата, која со истата, полесно комуницира со својата дејност, како према потрошувачите, така и деловните партнери. Нејзината голема улога се гледа и при претставување на компанијата надвор од државните граници, бидејки е еден вид на гласноговорник на самата компанија. Како таква, публикацијата која се дистрибуира надвор од матичниот пазар, воедно дејствува и како директна промоција на сите избрани домашни Супербрендови. Овој облик на маркетиншко дејствување претставува оптимален вид на промоција на компанијата како и позитивни презентации на нејзиното работење во светот, бидејки статусот на Superbrands го добиваат производи кои се високо ценети и кои совршеноста ги одликува во секој поглед-од квалитет, преку дизајн до омиленост кај потрошувачите.

Superbrands знакот

Superbrands знакот веке низа години го користат оние пазарни марки кои го капитализирале истоимениот статус. Знакот е исклучително добро прифатен и користен на производите, џамбо плакатите, интернет страниците како и во маркетиншките кампањи, со што влијае на одлуката на потрошувачот при купување, како и на перцепцијата на самата пазарна марка. Истражувањата во голем број држави докажуваат дека користењето на стекнатиот статут допринесува за зајакнување поедина пазарна марка и дека потрошувачите попрво купуваат производи со Superbrands статус.

Superbrands Europe © 2009.