Без брендовите животот би бил едоличен!
Светот е шарена полица со изобилство кое ги исполнува најразличните потреби. Од утринското кафе, појадокот, весниците кои ги читаме, па сè до средствата со кои се превезуваме кон работното место... Малите секојдневни избори го чинат животот поубав.
На пазарот има голем број марки кои им се нудат на потрошувачите како секојдневен избор. Производите и услугите ги одбираме според своите критериуми, а тие најчесто се однесуваат на желби кои треба да се исполнат.
Организацијата Superbrands ги одбира најдобрите марки кои се истакнуваат со одлична перцепција на потрошувачите. Наградата Superbrands се доделува врз основа на оценката на стручниот совет составен од водечки имиња од светот на маркетингот, бизнисот, медиумите, здруженијата и институциите.
Критериумите при оценувањето се:
• Квалитет
• Доверба
• Разновидност
• Емотивна привлечност
Стотина најдобри македонски брендови неодамна беа прогласени за супер-брендови. Голем дел од одбраните одлучуваат својот статус активно да го комуницираат во јавноста, така што нив потрошувачите можат да ги распознаваат по користењето на заштитниот знак кој брендовите го комуницираат во медиумите, на пакувањата и во продажните места.
Комуникацијата на статусот Superbrands создава перцепција за моќта на одредената марка и му дава на потрошувачот сигурност дека со консумирањето на одбраниот производ или услуга, ќе направи најдобар избор за себе и своето семејство.
Супербрендовите можеме да ги запознаеме и во книгата во која се претставени приказни за успехот на секој активен Супербренд и која ќе се најде на македонскиот пазар во месец јуни оваа година. Тоа се оние марки кои ќе ги препознаете по заштитниот знак Superbrands Macedonia 2009. |